Диара и официјално расчисти со ПСЖ


Полудефанзивецот Ласана Диара го раскина договорот со францускиот фудбалски шампион Пари Сен Жермен.

Триесет и три-годишниот Диара се приклучи на тимот од метрополата минатата зима, но не успеа да се избори за место во составот, забележајќи само три настапи во Лига 1 во кампањата досега.

Играчот од средниот ред имаше договор до лето, но одлучил да замине порано за да бара нов развој во кариерата како слободен агент, откако не влегува во плановите на тренерот Томас Тухел.