Дел Пјеро сака да стане тренер
Поранешниот фудбалер на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро, се уште не донел конечна одлука за неговата идна професија, призна дека позицијата на тренерот му изгледа примамливо.
– Не сум одлучил што ќе работам во иднина. Сепак, тренерската професија станува се повеќе и повеќе интересна, со оглед на тоа што многу играчи од мојата генерација се тренери, изјави легендарниот фудбалер на Јуве.
43-годишниот Дел Пјеро ја заврши својата кариера во Јувентус во 2012 година. Тој одигра 19 сезони за трофејниот калчолигаш од Торино.