Двојката Клуни донирала половина милион долари на студентско движење на Флорида


САД-Американскиот глумец Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал донирале половина милион долари на студентското движење на Флорида кое го организирале учениците кои преживеле еден од најсмртоносните напади на американските школи.

Во соопштението Клуниеви порачале дека се „инспирирани со силата и речитоста“ на учениците и кажале дека ќе учествуват во националниот „Марш за нашите животи“ кој групата ученици го организира, ширум земјата, на 24. март.

Бившиот ученик на средното училиште „Стонмен Даглас“ на југот на Флорида, 19. годишниот, Николас Круз минатата недела внел огнено оружје во училиштето и убил 17. лица.

И славниот режисер Стивен Спилберг и неговата сопруга Кејт Кепшоу ветија великодушна донација за истата цел.