Дачиќ: Очекуваме Западот да изврши притисок врз Приштина
Очекуваме меѓународниот притисок, пред се од Западот, да ја натера Приштина да ја повлече неочекуваната одлука за зголемување на таксите за стока од Србија, изјави српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.
– Кога пред три години можеа само за неколку денови да ја натераат Хрватска да ја прекине бесмислената блокада на границите со Србија, тогаш уште полесно можат да ја натераат Приштина да го направи истото, наведе Дачиќ во интервјуто за српски „Курир“.
Додаде дека не постои Влада во светот која не побарала укинување на такси, вклучително и Европската Унија и САД, а дека „можеби само Владата на Албанија мисли различно и дел од хрватските претеници“.
Запрашан дали благата реакција на Западот значи дека Приштина во тоа ја има нивната помош, Дачиќ одговори дека, ако Приштина ја имала таа поддршка на почетокот, „а веројатно ја имала“, тогаш повеќе ја нема.
– Единствено што тука треба да се случи е безусловно укинување на трговската блокада и околу тоа нема никакви преговори, истакна шефот на српската дипломатија.
По повод изјавата на косовскиот премиер Рамуш Харадинај, дека воведувањето на таксите ќе остане на сила додека Белград не ја признае независноста на Косово, Дачиќ посочи дека Харадинај најавувал многу работи кои не се реализирале, па на тоа не би се осврнувал многу.