Гостиварец загина во сообраќајка
Дваесет и тригодишен гостиварец загина во сообраќајна несреќа што се случи во петокот околу 18.42 часот на улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје. Според полицијата, патничко моторно возило „ланд крузер“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Н.Ј.А.М. (58) од село Орман удрило во пешаците А.Н. (23) од Гостивар и З.А. (68) од село Дебреше, гостиварско. Тие биле пренесени во Градска општа болница „8-ми Септември“ каде во 19:20 часот од страна на доктор била констатирана смрт кај А.Н., додека кај З.А. се констатирани телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.