Голомразица предизвика сообраќајки кај Велес, кај Неготино и во Скопје (Фото)


Сообраќајна несреќа се случи утрово на излез од Скопје кон Велес, јавуваат возачи кои се наоѓаат на тој пат.

Тие предупредуваат дека автопатот е замрзнат.

Превртено возило има и кај Кавадарци, на излез кон Неготино.

Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, за „Независен“ изјави дека причина за сообраќајните несреќи е голомразица. Три возила биле извртени на мостот кај Стоби на автопатот од Неготино кон Велес. Тројца патници се здобиле со лесни повреди и биле пренесени во Здравствен дом – Неготино.

Едно возило се извртело после патарината Градско, на автопатот кон Велес.

Замрзнато е и на излез од Скопје, кај клучката што се двои кон Петровец, како и после патарината Градско, во правец накај Скопје.

Неколку помали сообраќајни несреќи утрово имаше и во Скопје. Кај Хиподром, сообраќајка се случила меѓу четири патнички возила, еден камион и автобус. Две од патничките возила се со скопски таблички, едно со велешки и едно со прилепски таблички, додека товарното возило е со охридски таблички и автобусот со скопски регистарски таблички. Повредено е едно женско лице.

 

Овие фотографии се од сообраќајка кај Хиподром: