Голема акција ширум Европа против италијанската мафија


Во Италија, во Германија, во Белгија и во Холандија утрово спроведени се координирани рации, чии мети биле припадници на италијанската мафија.

Германската федерална полиција соопшти дека се извршени претреси на простории кои ги користеле членови на Нгрангета, криминална група од јужниот дел на Италија.

Во операцијата имало и „повеќе апсења“, но не е прецизиран нивниот број.

Акцијата е кординирана од Европската единица за борба против прекуграничниот организиран криминал (Eurojust).