Германија зголемува број на визи за квалификувани работници
Германија- Германската Влада соопшти дека ќе го прошири системот на шестмесечни визи и со тоа ќе им овозможи на луѓе вон Европа да побараат работа во таа држава.
Тоа се случува во момент кога германските власти се соочуваат со недостиг од квалификувана работна сила.
Министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер изјави дека визите што сега се достапни само за луѓе со високо образование, ќе бидат проширени и на лица со квалификации за одредени професии.
Тој сепак, истакна дека Германија не сака „имиграција во системот на социјално осигурување“ така што подносителите на барање за виза ќе мора да докажат дека може сами да се издржуваат и дека зборуваат германски.