Вучиќ: Нема дијалог со Косово, додека не се укинат варварските такси кон Србија


Одлуката на Приштина за воведување на такси со кои се оневозможува трговијата со Косово, за Србија претставува најзначаен обид за дестабилизација до денес и затоа денеска се договаравме и координиравме како да им помогнеме на нашите луѓе на Косово,изјави вечерва српскиот претседател Александар Вучиќ во вонредното обраќање на јавноста на РТС, по состанокот со целиот државен врв.
Објаснувајќи ја состојбата со гласањето во Интерпол за членството на Косово, Вучиќ рече да Приштина сака да ја прикаже Србија во светот како виновник за неуспехот на Приштина.

-На почеток на дијалогот со Приштина, ние им рековме дека не можат да бараат влез во меѓународните организации, тоа мора да биде дел од нашиот сеопфатен договор, рече Вучиќ, додавајќи да „тоа што Харадинај заедно со Тачи решија да ни воведат вакви мерки е за да не натераат да го признаме Косово и за да претстават дека Косово е 100 проценти држава“.

Вучиќ оцени дека обидот на Косово за излез од оваа состојба е „да седнат сега да разговараат со нас и ние да ја прифатиме новата позиција и да бидеме среќни кога ќе ги вратат таксите на 10 проценти, што нас не ни паѓа на ум ова да го прифатиме“.

Нивна втора идеја е да прифатиме се што барат во енергетиката, за да ги повлечат тарифите, рече Вучиќ, додавајќи дека очекуваат Србија нешто да направи, за да Приштина го сочува својот образ.

-Србија со ништо од ова нема да се согласи и не се согласува со новите правила и уцени. Повлечете ги варварските тарифи и тогаш ќе разговараме за сите работи и на теми за кои сакаат, констатираше Вучиќ.

Тој во обраќањето на српската јавност говореше и за денешниот упад на специјалните сили на РОСА и апсењето на четворицата срби од Косово, обвинувајќи го КФОР дека лажел за движењето на косовските вооружени сили.

Според Вучиќ, оваа е четврта акција на полицијата на северно Косово, а целта е „да се затскрие палењето на грицките на Плазма и Јафа и да се предизвика реакција кај косовските Срби да го напуштат Косово“.

Тој на крајот констатираше дека Србија е мала земја, но силна и дека мирно ќе реагира на овие провокации, како и дека заедно со Русија и Кина ќе реагира во ОН-не наведувајќи како.