Во фустан со галеби: Меган Маркл дотерана за Географското друштво во Сиднеј


Австралија-Меган Маркл по посетата на Фиџи и Тога, во Сиднеј блесна во гламурозна тоалета, на доделувањето на наградите на Географското друштво. Во фустан со галеби на „Оскар де ла Рента“ дада и стилски придонес во зачувувањето на животната средина. И принцот Хари, се дотера во костум со вратоврска.

Принцезата од Сасекс на 16-дневната турнеја низ Австралија и Нов Зеланд е под будното око на јавноста како и претходно првата дама на САД Меланија Трамп на турнејата низ Африка. Се ловат и грешките и се фали добриот избор на парчињата гардероба, претежно од локалните дизајнери.