Во Калифорнија евакуација поради бурата од Пацификот


Жителите на многу области во јужна Калифорнија, кои претходните месеци се соочуваа со пожари, сега треба да се евакуираат поради опасноста од бура од Пацификот, што може да предизвика обилни врнежи, лизгање на земјиштето и одрони.

Властите наредија евакуација на жителите во зоната од областа Санта Барбара до Лос Анџелес, каде што се загрозени стотици куќи.

Локалните власти стравуваат дека бурата ќе донесе обилни врнежи за кратко време, како и лизгање на земјиштето и одрони.