Во Германија стапи во сила законот за трет полов идентитет


Германија – Во Германија од вчера стапи во сила закон кој им овозможи на луѓето кои биолошки не се вклопуваат ниту во машки ниту во женски пол, да изберат трета опција во службените документи.

Владата во Берлин го изгласа законот во август, а минатиот месец го потврди и Бундесратот.

Припадниците на ЛГБТ заедницата сметаат дека таквата мерка не е доволна, бидејќи е потребна потврда од лекар, со која се докажува дека лицето е интерсексуално и бараат закони кои ќе им го олеснат животот на луѓето кои не се идентификуваат со полот со кој се родени.

Интерсексуалните луѓе се родени и со машки и со женски полови карактеристики, кои можат да се појават и подоцна во животот. Според податоците на ОН, 1,7 отсто од светската популација се родени со интерсексуални карактеристики.