ВМРО-ДПМНЕ: Каевски мора да си поднесе оставка


Дарко Каевски не може да се испере од одговорност со самото тоа што суспендира раководители на сектори и ги обвинува за неговите грешки. Дарко Каевски стои како уредник на збирката за млади поети и со тоа ја има директната одговорност за настанатиот скандал кој е полн со шовинизам и говор на омраза, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

“Според Член 50 став (1) од законот за организација на органите на државната управа, Директорот кој раководи со орган на државната управа, директно одговара за сопствената работа и работата на органот со кој раководи пред Владата на Република Македонија. Граѓаните бараат одговорност! Младите се засегнати за скандалите кои се случуваат во Агенцијата за млади и спорт. Каевски е директор на институцијата која ги пушти овие таканаречени творби во промет, а истите се делеа во дневните весници за времетраење на викендот”, се вели во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ,  Дарко Каевски мора да си поднесе оставка, и да биде за пример за секој еден носител на јавна функција кој со народните пари ќе финансира шовинизам, сексизам и говор на омраза.