Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари
Турција– Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул, се ставени на продажба, а цената на некои достигнува и 95 милиони долари. Меѓу нив има и 40 историски објекти, пишува „Хуриет дејли њуз”.
Веднаш до брегот на Босфорот се распоредени вкупно 600 првокласни вили, од кои 366 се класифицирани како историско наследство.
Освен вилите, понудени се и 40 апартмани со цени од 1,7 до 12 милиони долари. Најатрактивни се имотите во квартовите Бебек и Еникој во европскиот дел и Ваникој, Кандили и Анадолухисар во азискиот дел на Истанбул.