Викендов ќе се снима филмот „Љубовникот“ на Игор Иванов-Изи
На локации во Карпош 2 во близина на Факултетот за драмски уметности утре и задутре ќе се снима краткометражниог игран филм „Љубовникот“ по сценарио и режија на Игор Иванов-Изи.
– Филмот е во манир на старите, неми, црно-бели филмови од почетокот на 20 век, снимен со 18 квадрати во секунда. Улогите ги толкуваат Игор Ангелов, Наталија Теодосиева и Сашо Петровски, соопшти продуценската куќа „Скопје филм студио“, која ја продолжува успешната соработка со режисерот Иванов-Изи.
Кинематографер на филмот е доајенот на македонскиот филм Драган Салковски, костимограф е Емилија Атанасовска, монтажата е на Владимир Павловски, а продуцент е Томи Салковски.
Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија.