(Видео) Четкар сними спот за Охрид


Џез-музичарот Владимир Четкар ги израдува обожавателите со нова музика. Македонскиот музичар ја објави својата нова песна „Come With Me“. Видеозаписот е снимен во Охрид, а е режиран од Борче Димоски.

Песната е дело на самиот Четкар. Тој влегува во улога на продуцент, композитор, текстописец, аранжер, гитарист и вокалист.

Четкар кој е дипломец на престижниот Беркли, живее во САД ама секое лето и на покана доаѓа во Македонија и во родниот Охрид.

Наместо фотографии од егзотични дестинации кои ги споделува на социјалните мрежи, Четкар ова лето му е оддаден само на Охрид и неговите убавини.