(Видео) Цел регион во солзи: Колегите се простуваат од Оливер Драгојевиќ


Легендарниот хрватски музичар Оливер Драгојевиќ викендов почина во Сплит, по една година борба со ракот.

– Ова е тешко, ова нема смисла, ова е претешко… На неговите песни ги учев првите зборови… Ова е многу тешко и не сакам да верувам. Неговите песни ни влегоа на нас како низ мајчино млеко. Тој е во мојата ДНК, и во твојата и во сите нас. Фала ти, папа. Те сакам, Прости ми, папа… сите плачеме, напиша Северина.

Тони Цетински кој со години беше многу близок со Оливер, деловно и приватно, посвети емотивни зборови зборови за својот драг пријател и учител.

„Драги мој морски волку. Ништо веќе нема да биде исто по твоето заминување Оливер. Сите твои шеги и глупости на кои ние се смеевме како деца се моменти што јас никогаш нема да ги заборавам. Морам да ти признаам дека јас те сакав и јас те сакам како татко и понекогаш ми беше како помлад брат. Најмногу научив од тебе затоа што добив најмногу од тебе.

Ти им се даваше на луѓето и не се штедеше во тоа. Во тој факт лежи уште една тајна за твоето успешно постоење и работа.

Секогаш си бил доказ дека тоа не е доволно само да се биде врвен уметник, но, исто така, и ЧОВЕК и затоа големо ФAЛA.

Длабоката болка во градите и големата празнина во моите мисли сега се во мене. Песните што ги остави сега се единствената утеха. Искрено сочувство до целото семејство. Огромна болка.

Почивај во Божји мир мој пријателу и мој учителу.

Те сакам и секогаш ќе те сакам. П.С. Те молам само уште едно.

Бакни ми го Тоше и запејте една за сите времиња. И нему му беше одличен пример и пат кој треба да го следи “.

Не можам да престанам да плачам, напиша на крајот Тони.

Џибони кој со Оливер го сними албумот „Фамилија“ се прости со потресни зборови:

„Ми умре мојот најголем пријател, ми беше и повеќе од тоа, мое семејство. Мислам дека беше најсаканиот човек на овие простори.

Како личност беше најскромен и најнормален човек кого го познавав.

Оливер беше неповторлив и незаменлив. Не знам што ќе биде и како ќе биде овие денови во времето кое е пред нас.

Едно е сигурно ќе живее и натамѕ со нас во своите песни. Никогаш не мислев дека ќе дојде денот кога него ќе го нема меѓу нас, мене ова ми е неприфатливо толкава беше неговата величина.

Дури и секојдневните лоши вести и дијагнози се чинеа нестварни и се веруваше дека ќе оздрави зошто на Оливер и неможното му беше возможно! Едноставно толку позитивен беше. Не можам ни да замислам колку ќе ми недостасува.

Почивај во мир пријателу мој, светлост вечна нека ти свети! Твојот Гибо“.

-Почивај во мир драг пријателе со прекрасна душа, отменост, скромност и срдечност а со големина и човечност колку планина.Чест беше да се настапува заедно со тебе и да се соработува. Балкански доајен, фер човек и најголема легенда.Пријателство со нашето семејство повеќе од 4 децении.Ни беше пример за како е да си вистинска ѕвезда а толку фер и скромен.Таа чесна школа е се поретка.Благодарни сме што оставивме заедничка трага во музиката – му порача на маестрото, Гаро Тавитјан.

Драгојевиќ ќе биде погребан во среда, најверојатно во попладневните часови во неговата Вела Лука. Тоа за хрватските медиуми го потврди синот на пејачот, Петар Драгојевиќ.

Сплиќаните Оливер од кејот ќе го испратат во вторник, а организацијата ја презеде Град Сплит. Градоначалниот Андро Крстуловиќ Опара издаде налог до Јадролинија за еден катамаран и нарача посебно возило кое ковчегот ќе го пренесе од црквата Св. Фране на кејот до Лучката капетанија.

На последното патување во родната Корчула Оливер ќе отпатува со катамаран заедно со членовите на семејството, и со групата Дупини со цела деценија соработуваше.