( Видео) Хју Грант по петти пат татко
САД– Британскиот актер Хју Грант по петти пат стана татко, а честитките пристигнуваат од сите краеви на светот. Веста ја пренсесе неговата поранешна девојка Елизабет Харли, која по тој повод коментира дека тој „почнал да се размножува дури откако наполнил 50“.
На 57 годишна возраст, актерот го доби своето трето дете со неговата девојка Ана Еберстеин. Иако многумина сакаат да го дознаат полот и името на детето, славните родители не открија повеќе детали за медиумите.
Уште од моментот на доделувањето на Златните глобуси, кога новинарите приметија дека Еберстеин е бремена, Хју Грант вешто ја избегнуваше оваа тема.
Единствените информации ги соопшти мајката на Ана која потврди дека парот очекува принова.
Освен трите деца со Ана, Хју исто така има син и ќерка од врската со Тинлан Хонг.