(ВИДЕО): Пукање во седиштето на ЈуТјуб во Калифорнија
Полицијата во американскиот град Сан Бруно потврди за пукање во седиштето на ЈуТјуб.
Засега нема информации за повредени.
Полицијата ги предупреди жителите на Сан Бруно, град што се наоѓа јужно од Сан Франциско, да го избегнуваат подрачјето околу седиштето на компанијата.
– Во седиштето на ЈуТјуб има напаѓач со огнено оружје кој пука. Сега сме забарикадирани во една канцеларија со колеги, наведе на Твитер вработен во компанијата.