(Видео) Победничката песна на Евровизија е плагијат?
САД– Компанијата „Јуниверзал студиос“, која е една од најголемите продукции на светско ниво, тврди дека победничката песна на Евровизија „Тoy“ што ја испеа Нета е плагијат, и тоа на голем музички хит од 2003 година.
Имено, од продукцијата ипратиле писмо до композиторите на нумерата што ја освои Европа, со опомена пред тужба за повреда на авторски права. Според „Јуниверзал студиос“, „Toy“ е копија на добро познатата „Seven Nation Army“ на бендот „Вајт страјпс“, хит од 2003 година.
Ако на суд се докаже дека победничката песна на Нета е плагијат, тогаш Израел ќе биде дисквалификуван од Евровизија и со тоа го губи правото да биде домаќин на фестивалот во 2019 година.