(ВИДЕО) Народот на Зимбабве слави, Мугабе поднесе оставка


Претседателот на Зимбабве Роберт Мугабе поднесе оставка, соопшти претседателот на Парламентот Џекоб Маденда.

Ненајавена оставка доаѓа во момент кога пратениците дебатираа за импичмент против 93-годишниот лидер.

Мугабе поретходно одби да поднесе оставка и покрај минатонеделните настани, кога војската ја презеде власта.

Тој беше на власт од прогласувањето на независноста на Зимбабве во 1980 година.