(Видео) Кај што застана леди Дијана: Принцот Хари во борба против сидата
Холандија– Елтон Џон ги соедини силите со британскиот принц Хари за започнување на иницијатива за прибирање на 1,2 милијарди долари, чија цел е да “разбие циклусот” на ширењето на СИДА преку привлекување на вниманието на млади мажи, меѓу кои растат инфекциите. На вториот ден од голема меѓународна конференција за СИДА во Амстердам, двајцата се обложија на моќта на јавното влијание, за да повикаат за преземање акција за ставање крај на тековната стигма околу вирусот и за заштита на идните генерации.
“Младите мажи се единствената возрасна група, во која СИДА инфекциите се зголемуваат, не се намалуваат”, предупреди рок ѕвездата и ветеранот во борбата со СИДА Елтон Џон, кога го објави лансирањето на Коалицијата MenStar.
“Треба да направиме многу, многу повеќе за да ги ангажираме мажите, особено помладите мажи, во поголема мера”, инсистираше тој.
Коалицијата обединува различни партнери, вклучувајќи UNitaid на ОН и американскиот фонд PEPFAR. Елтон Џон предупредува дека 24-35-годишните мажи се подложиле на тестови и третман за ХИВ со “неприфатливо низок степен”.
Повеќе работа е завршена за заштита на жените и девојките, но “не можеме да ги решиме целиот проблем, ако се занимаваме само со половина ситуација”, рече Елтон Џон. “Ако сакаме да ја победиме оваа битка, ако сакаме да ја прекинеме СИДАта еднаш засекогаш, треба да ги направиме мажите дел од решението” и да ги научиме да се чуваат “, не само нивните сопруги и пријателки, сестрите и нивните ќерки, но и посебно браќата и нивните синови “.
“Напредокот со кој се боревме е под закана од опасно самозадоволство”, им рече принцот Хари на делегатите на конференцијата, следејќи ја работата на неховата прерано почината мајка, леди Дијана.
“Премногу луѓе во светот сè уште ги игнорираат штетните ефекти врз образованието и другите јавни услуги, со тоа што не ја претвораат превенцијата и третманот на СИДА во приоритет”.
Новата иницијатива имаше за цел “тешка, но суштинска работа на вистинско менување на мислењето”, рече принцот Хари. “Инспириран од зголемената загриженост за нивото на новите случаи на заразување со СИДА меѓу младите жени, оваа кампања храбро се справи со коренот на овој проблем – недостаток на свест за превенција на ХИВ меѓу младите мажи”.
Тој ги повика луѓето да се обединат околу “разбивањето на смртоносна стигма” околу СИДАта “и спротивставување на предрасудите кои сѐ уште се таму”.