(Видео) Големи поплави во централна Хрватска
Долготрајните дождови во хрватската област Лика предизвикаа поплави, а луѓето во реонот стравуваат дека може да се повтори сценариото од 2010 година, кога таму беа поплавени над 150 куќи, објави националната телевизија ХРТ.
Според последните информации, нивото на реката Лика се зголемува по пет сантиметри на час, а дождот се уште не престанува.
Електричната енергија во областа е исклучена, а водата веќе навлегла во десетина куќи.
Опасност од поплави има и во други реони во континенталниот дел од земјата.