(Видео) Беса на Африм Гаши ќе раководи со Министерството за Култура


Движењето Беса ќе раководи со Министерството за Култура, а кандидатот за таа функција ќе го номинира дополнително, изјави вечерва претседателот на оваа партија Африм Гаши.

Тој вели дека нивното учество во Владата е стратешко и дека ќе помогнаат во процесите кои се важни за земјата.

„Одлучивме да бидеме дел и на извршната власт. Иако пратениците на Движењето Беса го помагаа мнозинството и Владата во реформската агенда ние одговоримвме на барањето на премиерот да станеме дел од извршната власт. Сакаме да ги потенцираме неколку важни моменти и причини за ваквата одлука, тоа се: реформската агенда, процесот на решавање на спорот со името, отварањето на преговорите за интеграција на ЕУ, и посебно потребната кохезија за членство во НАТО. Ќе раководиме со Министерството за култура, и ова за нас е чест, бидејќи држава која во последните години беше толку бетонизирана има потреба за ослободување и за рефлектирање на културните и духовните вредности, кои за жал досега беа или покриени или заборавени“,  истакна Гаши.