(ВИДЕО) Актерите со театарски бонтон: Исклучувајте ги мобилните пред претстава


Македонски актери започнаа видео-кампања преку која споделуваат совети до публиката што не е пристојно да се прави додека сте во театар.

Неколкумина глумци од различни театарски национални и независни театри во земјава деновиве споделуваат видео-пораки на „Јутјуб“, на каналот Театaр за сите.

„Театарски бонтон е онлајн образовна иницијатива на „Театар за сите“ за подигање на свеста кај публиката, со цел да се подобри однесувањето при одењето во театар на претстава. Почитувањето на универзалниот кодекс на однесување при гледање на претстава е корисно како за театарџиите, така и за публиката“, се вели во образложението под секоја од пораките.

Прва и основна работа за која тие советуваат е да се исклучуваат мобилните телефони додека се гледа претставата.

– Ѕвонењето на телефоните во текот на претставата е одраз на домашно невоспитување и домашна некултура. На тој начин им пречите на вистинските љубители на театарот кои сакаат непречено да ја следат претставата. И трета причина, но не помалку важна е како тоа влијание на нас актерите на сцена? Ние можеме да го игнорираме фактот дека вашиот мобилен телефон ѕвони, меѓутоа тоа влијае на нашата концентрација. Уште полошо, ние можеме да го имплементираме ѕвонењето на вашиот телефон во претставата, но со тоа ќе го срушиме четвртиот ѕид и на тој начин ќе го смениме курсот односно жанрот на претставата. Затоа, апелирам, кога доаѓате на претстава исклучувајте ги вашите телефони или барем тавете ги на безглано или на вибрации – вели актерот Оливер Митковски од Македонскиот народен театар.

Во продолжение слушнете ги пораките на актерите и театарските работници: