Вашинггтон побара од Приштина да ги укине таксите на увозот од Србија и БиХ
Државниот секретар на САД Мајк Помпео, на средбата со косовскот претседател Хашим Тачи, ги повика властите во Приштина да ја укинат таксата од 100 отсто на увозот на производи од Србија и Босна и Херцеговина и да работат на нормализирање на односите со Белград.
Во соопштението на портпаролката на Стејт Департментот Хедер Нојерт, што го пренесоа претпладнево медиумите во Приштина, се наведува и дека Помпео ја охрабрува Приштина заедно со Белград да работат „на избегнување на провокациите и деескалација на напнатостите“.
Помпео, соопшти Нојерт, на средбата со Тачи ја повтори „силната американска поддршка на суверено и независно Косово, целосно интегрирано во меѓунаордната заедница“.
– Тој ги повика кососките власти да ја укинат таксата на увоз од Србија и Босна и Херцеговина, како и да работат со Србија на избегнување на провокациите и деескалација на напнатостите. Нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија е единствениот начин за отворање на патот на двете земји за идната интеграција во западната заедница на нациите. САД се подготвени да им помогнат и да ги поддржат двете страни за да се дојде до решение кое е одржливо, применливо и ја зголемува стабилноста, се вели во соопштението.
Тачи, како што јави дописникот на МИА од Приштина, оцени дека средбата со Помпео била одлична и дека Косово е „благословено со американската поддршка“.