Валенсија по пенал рулетот со Алавез до полуфиналето на „Копа Дел Реј“
Екипата на Валенсија е вториот полуфиналист во фудбалскиот Куп на Шпанија.
Во реванш дуелот против минатогодишниот финалист Алавез, одигран вечерва, фудбалерите на Валенсија по подоброто изведување на пенали уепеаја да обезбедат место меѓу четирите најдобри во „Копа Дел Реј“.
Средбата во регуларните 90.минути заврши 2-1 за Алавез со што домаќините ја анулираа идентичната негатива од првата средба на „Местаља“ каде пак Валенсија победи со 2-1.
Сепак во пенал рулетот, гостите имаа повеќе среќа, но и нерви, па со 3-2 беа подобри од домаќините и се радуваат на победата.
Потсетување дека Севиља е првиот тим кој обезбеди полуфинале откако и во реванш дуелот го совлада Атлетико Мадрид, па со вкупни 5-2 се пласира меѓу четирите најдобри.
Вечерва се игра и натпреварот меѓу Реал Мадрид и Леганес во кој „кралскиот“ тим ќе влезе со минимална предност од 1-0, остварена на првата середба на гостински терен.
Последниот полуфиналист ќе биде познат утревечер по одигрувањето на реванш дуелот меѓу градските ривали Барселона и Еспањол средба во која гостите влегуваат со предност од 1-0 по првиот натпревар.