Бугарско МНР: Ратификацијата на Договорот потврда за волјата за градење добрососедски односи


Министерството за надворешни работи на Република Бугарија ја поздрави одлуката на Парламентот на Република Македонија да го ратификува Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете држави.

– Со овој акт се потврдува волјата за градење добрососедски односи кои се важен елемент од европската перспектива на секоја држава на Западен Балкан. Република Бугарија ќе продолжи да биде активна во поддршката за европската интеграција на РМ. Тоа е стратешки извор на нашата држава кој е дел и од прироитетите на бугарското претседателство со Советот на ЕУ, се наведува во изјавата на МВР.

Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Македонија, наведуваат од бугарското МНР, се заснова на споделени европски вредности кои го прават регионот поединствен и посилен.