Блок од Тирана: Во ЕУ кога ќе имате конкретни резултати против криминалот и корупцијата
Холандија е посветена на европската перспектива но врз основа на видлив и конкретен напредок. Во ЕУ кога ќе имате конкретни резултати во борбата против криминалот и корупцјата.
Оваа порака неколкупати ја повтори шефот на холандската дипломатија, Стеф Блок, по средбата во Тирана со министерот за Европа и надворешни работи Дитмир Бушти
-Ние сме посветени на европската перспектива, врз основа на видлив и конкретен напредок. Тоа е истата порака што им ја давам на земјите аспиранти. Логично е дека ги користам истите критериуми за државите аспранти за ЕУ. Многу сме посветени да и помагнеме на Албанија да напредува. Сакаме секоја земја аспирантка да постигне што повеќе,-рече тој.
Холандскиот министер, исто така,побара да се обесхрабри емиграцијата во земјата и ја нагласи борбата против организираниот криминал и корупцијата.
-Важно е да се задржи фокусот на консолидирање на дополнителни реформи за да се одржи фокусот на борбата против корупцијата и организираниот криминал. Треба да се обесхрабрат луѓето да емигрираат во азил. Нивните напори ќе бидат залудни. Работиме заедно во борба против оваа појава-посочи Блок.
Бушати,кој премиерот Рама одлучи да го опфати со темелната реконструкција,но поради несогласувањето на претседателот Мета да потпише уредба за друг министер, сеуште е на оваа функција,претходно ги откажа сите договорени посети и учество на собири.