Бијонсе и Џеј Зи на заедничка турнеја летово


САД- Најбогатиот музички пар Бијонсе и Џеј Зи се подготвуваат за уште една заедничка турнеја, која е најавена ова лето. Милиони фанови не ја очекуваа оваа вест, па сите се воодушевени што кралицата и раперот заедно ќе приредат уште една спектакуларна турнеја.

Откако имаше гласини дека славниот брачен пар ќе замине на турнеја ова лето, Бијонсе и Џеј Зи ја потврдија нивната втора заедничка турнеја под името “On The Run 2”. Првиот датум за концерт веќе беше објавен на Фејсбук страната и Тикетмастер, кои многу набрзо беа отстранети, но извори за телевизиската мрежа E! News рекле дека парот навистина се подготвува за нова турнеја. Првиот концерт би требало да се одржи на 30 јули во Филаделфија.

“Тие се договорени да одат заедно на турнеја. Ова треба да се реализира пред крајот на оваа година, доколку сè биде по планот. Ова е нешто на кое многу се радуваат”.

Во новото поглавје од животот, изворот вели дека ова ќе биде огромно искуство за нив, истакнувајќи дека и нивните деца ќе одат заедно со нив на турнеја.

Бијонсе и Џеј Зи работеле на нови песни изминатиот период, а најава за тоа беше и соработката за песната “Family Feud”, која се најде на новиот албум на Џеј Зи „4:44“.