Бензините од полноќ поскапуваат
Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат од 1,5 до два денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за два денари, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98, дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 1,50 денари.
Така, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 67,50 ден/лит, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 69 ден/литар. Новата цена на дизелот ќе биде 59 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство 47,50 ден/литар.
Се зголемува и цената на мазутот што сега ќе се продава по 28,038 ден/кг.
Новите повисоки цени на бензините следат поради повисоката цена на нафтата на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период.