Без кралицата: Официјални портрети од крштевањето на принц Луис


Англија- Палатата Кесингтон ги објави официјалните фотографии од крштевањето на принц Луис, третото дете на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, снимени во Кларен хаус.

На фотографијата позира англиското кралско семејство, без кралицата Елизабета Втора и сопругот принцот Филип.

За време на крштевањето во кралската капела, 5-годишниот Џорџ и 3-годишната Шарлот за рака го држеа принцот Вилијам, додека Кејт, облечена во бел фустан на Александар Меквин, го држеше принцот Луис стар 11 недели, облечен во традиционалната долга облека за крштевка.

Војводата и војвотката од Кембриџ организираа приватна прослава во кругот на семејството и најблиските пријатели, а Луис имал дури шест кумови. Неговиот постар брат, принц Џорџ имал седум, а принцезата Шарлот имала пет кумови на својата крштевка.

Сепак, она што го привлекло вниманието на јавноста е тортата од осум спратови. Интересен детал на оваа торта е тоа што еден спрат бил дел од тортата од венчавката на Кејт и Вилијам која се одржа пред повеќе од пет години.

Во Британија ова е традиција, па дел од тортата од свадба се чува и служи на крштевањето на наследникот, но веруваме дека овој обичај не е омилен помеѓу гостите.