Барселона добива уште едно засилување во јануари


Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде потврди дека Муса Ваг од 1 јануари ќе биде дел од првиот тим.

Ваг, кој е учесник на последното Светско првенство со репрезентацијата на Сенегал, демонстрира многу добри квалитети за вториот тим на Барселона и од 1 јануари веќе ќе биде во плановите на Валверде, и ќе може да игра за првиот тим на каталонците.

Барселона го привлече 20-годишниот фудбалер минатото лето од Еупен за сума од 5 милиони евра.

Ваг може да го направи своето официјално деби за првиот тим на Барселона на 10 јануари во првиот натпревар за Кралскиот Куп против Леванте.

Сенегалскиот фудбалер е совршена опција за позицијата на десен бек за тренерот Валверде, кој во оваа фаза може да се потпира за овој пост на Нелсон Семедо и Серхи Роберто.

Ваг има договор со Барселона до летото 2023 година, а клаузулата за ослободување, која е запишана во неговиот договор изнесува 100 милиони евра.

Муса Ваг мораше да почека неколку месеци додека не ја достави својата документација, за да може да игра за Барселона.