Балет за деца „Снежана и седумте џуџиња“ во МОБ


Во Македонската опера и балет денеска напладне ќе биде изведена балетската претстава за деца „Снежана и седумте џуџиња“ од Богдан Павловски во режија, кореографија и инсценација на Витолд Борковски.

Балетот е според приказната на браќата Грим, а првпат во улогата на Снежана ќе настапи Стефанија Гаштарска, студентка на престижната балетска академија Бољшој во Москва.

Во последните два дена од месецов, како и на 2 февруари, ќе биде изведен балетот „Оревокршачка“ од Чајковски.