„Бакнати од сонцето“ ќе се одигра на Меѓународниот ден за лица со попреченост


Претставата „Бакнати од сонцето“ ќе се одигра во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица на 3 декември на Меѓународниот ден на лица со попреченост.

Претставата е авторско дело на членовите на „Театар Пи“, Златко Митрески и Македонка Илиевска, и на актерите – лица со интелектуална попреченост од Дневниот центар „Порака“ – Скопје.

Во перформансот, учесниците преку игра, танц и иновативно користење на проектирани видео клипови, ги презентираат своите светогледи, говорат за нивните потреби, но и искажуваат една универзална љубов кон актерската игра, потребата за себе-изразување и потребата да бидат разбрани и прифатени од општеството.

Претставата имаше успешна изведба и на годинешниот меѓународен театарски фестивал „Млад отворен театар“.

Заслужни за реализација на претставата се и Младинскиот Културен Центар и Хотелот Порта.

Претставата ќе зпаочне во 19 часот, а влезот е бесплатен.