Баерн не планира да носи нови играчи
Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач соопшти дека нема намера да ангажира нови играчи. Според него тимот е целосно екипиран и подготвен за новите предизвици.
– Јасно е дека ниту еден клуб не сака најдобрите играчи да заминат. Сега имаме голем состав и речиси сите играчи се враќаат во форма. Тоа важи и за Робен и Рибери, па јас не се грижат дека морам да барам едно или две засилувања, изјави Ковач.
Баерн по одличниот старт во Бундеслигата, имаше период на резултатска криза, за во финишот на првиот дел од сезоната да се врати на победите.
По 19 кола Баварците с евтори на табелата со 42 бода, шест помалку од лидерот Борусија Дортмунд.