Ариф Алви избран за претседател на Пакистан


Пакистанскиот Парламент денеска го избра стоматологот Ариф Алви од владејчката партија Техрик и Инсаф за нов претседател на државата.

Алви освои 212 гласа во двата дома на Парламентот, далеку над опозицискиот кандидат Ајтас Ахсан и исламистот Маулан Рахман.

Од 2010 година претседателот на Пакистан има намалени овластувања, а реалната моќ во државата е во рацете на премиерот, позиција која по изборите ја презема поранешниот познат крикет играч Имран Кан.