Анѓушев: По барање на полска компанија се намалува царината за увоз на литиумски батерии
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев очекува за неколку недели министерствата за економија и за финансии да ги усогласат ставовите околу намалување на царината за увоз на литиум-јонски батерии наменети за електрични возила и мерката да стапи на сила.
Намалувањето на царината, како што кажа, е на барање на полска компанија, која има намера во земјава да произведува електрични автобуси и мопеди.
– Потребно е министерствата да се усогласат дали мерката ќе важи само за извоз, односно дали важи само за производство што е наменето за извоз, изјави Анѓушев и додаде дека мерката е дизајнирана само за да го подобри македонскиот извоз и да се произведуваат електрични автомобили што ќе бидат наменети за извоз, изјави Анѓушев пред промовирање на Канцеларијата на италијанската Конфиндустрија во Македонија.
Тој посочи дека по грешка во нашиот Закон е ставена царина од 15 отсто за увоз на литиум-јонски батерии.
– Со тоа производството не може да биде конкурентно. Ние сакаме да го изедначиме да биде конкурентно исто како и европското, потенцира Анѓушев