Алек Болдвин по петти пат татко


САД- Американскиот актер Алек Болдвин (60) по петти пат стана татко. Сопругата Хиларија (34), инструкторка по јога, го роди нивното четврто дете. По двата сина Рафаел и Леонардо и ќерката Кармен, добија уште син.

Двојката е во брак веќе шест години, а Болдвин од претходниот брак со актерката Ким Бесинџер ја има ќерката Ајраланд (22) која е веќе позната манекенка.