Албанскиот министер за внатрешни работи поднесе оставка
Албанскиот премиер Еди Рама денеска соопшти дека министерот за внатрешни работи Фатмир Џафај поднесе оставка.
Рама на Твитер напиша дека ја прифатил оставката на Џафај, но не наведе други детали.
На местото на Џафај именуван е поранешниот воен претставник Сандера Леши. Неговиот избор треба да биде одобрен од претседателот на Албанија и од Парламентот.
Рама истакна дека Леши „ќе донесе нова позитивна енергија“.