Албанија: Рама стравува од закажаниот протест на опозицијата во Тирана
Сојузниците на опозицијата во Албанија денес се собраа во седиштето на Демократската партија за да решат одредени прашања за утрешниот протест.
Љуљзим Баша, претседателот на ДП ги повика граѓаните да излезат на улиците, а со цел обединување на Албанците, тој истакна дека ќе присуствува на протестот заедно со неговото семејство.
Според него, на овој начин ќе се докаже дека народот не ги признава бандите на Владата. Од друга страна, претседателката на ССИ, Моника Криемади истакна дека премиерот Еди Рама има страв од протести и затоа повика да се превземат сите неопходни мерки за да не дојде до немири и целосна ескалација..
Барањето за протест веќе е поднесено до полицијата во Тирана и се очекува голем број полицајци да бидат распределени по улиците на главниот град.