Албанија лани ја посетиле 5,1 милион странски туристи, најмногу од Косово и Македонија
Минатата година Албанија ја посетиле рекорден број странски туристи, јави дописникот на МИА.
Според албанскиот Институт за статистика, лани во земјата влегле 5,1 милиони странци, што е за 8,1 отсто повеќе во однос на претходната година. Речиси половина од нив пристигнале во Албанија за туристички цели.
Иако се помалубројни од претходната година, најголем процент од туристите се косовски граѓани или 34 отсто од вкупниот број.
– Во 2017 година влегле 1,7 милиони косовски државјани или 411.000 помалку споредено со 2016 година, со образложение дека има злопотреба со цените, неквалтетни услуги и лоша инфраструктура, стои во извештајот на Институтот.
Од друга страна, минатото лето Албанија била „открите“ за многу туристи од Македонија, Грција, Италија, Германија, Полска, Велика Британија и Чешка.
– На второ место неѓу туристите се Македонците, чиј број е поголем за 18,5 отсто. Во Албанија лани влегле 671.000 државјани на Македонија или 105 илјади повеќе, споредено со претходната година.
На трето место се Грците или околу 490.000, што е за 19 отсто поголем број, додека четврти се Црногорците со околу 380.000 или 17 отсто повеќе од претходната година, наведува Институтот.
Албанја лани ја посетиле и 212.000 Германци, 114.000 Полјаци и 98.000 Амерканци.
Рекордни се и приходите од туризмот. Според Централна банка на Албанија во првите девет месеци од минатата година од туризмот се остварени 1,3 милијарди евра, што претставува раст за 13 отсто споредено со истиот период во 2016 година.