Академија за филмски уметности: Кои филмови ќе се тркаат за номинации за Оскар


САД- Академијата за филмски уметности и науки ја објави листата на филмови кои се разгледуваат за најдобар филм за оскаровските награди следната година.
Меѓу нив се најдоа очекуваните хитови: „Викај ме по моето име“, „Три болборди надвор од Ебинг, Мизури“, “Пост“, „Лејди Брд“, „Излези“, „Данкирк“, „Обликот на водата“, „Најтемниот час“, „Флорида проект“, „Мадбаунд“, „Вондер Воман“ итн.

Но, секако меѓу нив има и неколку чудни филмови кои неизбежно ќе бидат отстранети од листат во текот на гласачкиот процес, за да ги има само филмовите кои се квалификуваат за оваа категорија. „Џастис лиг“ „Емоџи филм“. „Чипс“, „Мумија“, „Моето мало пони-Пријателството е магично“, „Книгата за Хнери“, „Пиратите на Карибите“ и уште неколку филмови се тие што најверојатно ќе добијат многу малку внимание.

Квалификациите на Академијата бараат филмот да биде промовиран во комерцијално филмско кино во Лос Анџелес до 31-ви декември, и да се изведува минимум 7 последователни дена. Филмовите мора да траат повеќе од 40 минути и мора да се проектираат на 35 мм и 70 милиментарски филм или во квалификациски дигитален формат.

Номинациите за 90-тите оскаровски награди ќе се објават на 23 јануари, а церемонијата е закажана за 4 март во театарот Долби.