Аеродромот во Кукс даден под концесија
Конзорцумот меѓу две албански компании „Global Technical Mechanichs” и “Bami sh.p.k.”,го добија под концесија за 35 години аеродромот во северниот албански град Кукс.
Министерството за инфраструктура соопшти дека конзорцумот е избран на тендерот спроведен деновиве,на кој единствени понудвач биле споменатите албански компани.
Според Министертвото, концесонерите ќе инвестираат околу 8 милиони евра во модернизација на аеродромот и негово ставање во функција.
-Во документацијата за тендерот,со цел да ги исполнат условите за искуство двете компании приложија и договор со холандската компанја „Нако“ која има големо искуство во областа на администрирањето и менаџирањето на аеродроми во повеќе земји во светот,-соопшти албанското министертво за инфраструктура.
Новите концесонери,меѓу другото, треба да завршат проширување на аеродромската писта, на терминалот за патници,како и на паркинг просторот.
Аеродромот ќе функционира за ниско буџетски летови а се предвидува да патуваат во просек по 300 илјади патници годишно.
Тој се наоѓа на 3,5 клометри јужно од градот Кукс. За негова изградба Обединетите арапски емирати вложија 20 милиони долари. Почна да се гради на 10 мај 2003 а беше завршен на 31 октомври 2005 година.