Адеми седна во култура, Алаѓозовски се сели во кабинетот на Заев


Асаф Адеми и официјално седна во министерската фотелја за култура. Досегашниот министер Роберт Алаѓозовски денеска му ја предаде функцијата на Адеми кој доаѓа од Беса.

Адеми стана дел од кабинетот на премиерот Зоран Заев во владината реконструкција при што во Владата освен Беса влезе и ДПА на Мендух Тачи.

Доскорешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски, пак, се сели во кабинетот на премиерот Зоран Заев. Тој е назначен на висока државна функција односно национален координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка.