Автомеханичарот поради кој сите носат „жолти елеци“


Гислан Кутар, автомеханичар од Нарбон, стои зад идејата демонстратите во Франција да носат „жолти елеци“. Тој е изненаден од одзивот, но и од насилната реакција на полицијата.

Кутар е еден од ретките луѓе кој се поврзува со таканаречените „Жолт елеци“, движење кое протестира од ноември поради новите даноци за гориво. Токму тој беше човекот , кој во едно видео, предложиа сите демонстранти да добијат жолт елек, објави Дојче веле..

– Беше многу едноставно. Го снимив моето видео и го видов предупредувачкиот елек, кој го користам на работа. Си помислив, тоа и е создадено за да можат да го видат сите, а исто така, и сите го имаме во нашите возила, бидејќи така е пропишано со закон. Зошто да не го користиме како наша боја за препознавање?  Само за да видиме дали луѓето се подготвени да излезат на улица и да протестираат. И бинго! Тоа е токму она што се случи, рече Кутар.

Тој вели дека бил шокиран од насилството во Париз. но дека го разлутило тоа што медиумите прикажувале само како „жолтите елеци“ ги напаѓаат силите на редот.

– Она што всушност таму се виде е дека полицијата едвај чекаше некаков повод за да посегне по солзавецот. Тоа не е во ред. Според мене, тактиката на полицијата е целосен пораз, рече тој.

На прашањето што треба да се случи за „жолтите елеци” да бидат задоволен, тој одговори дека претседателот Емануел Макрон треба да излезе од својата дупката и да се соочи со граѓаните на Франција.

– Не само преку соопштение за јавност, туку во реалноста, на улица. Но, тоа никогаш нема да се случи. Не верувам. Тој е премногу отуѓен.  Проблемот е што е тврдоглав, но и ние сме тврдоглави. Во одреден момент некој ќе мора да се повлече и сметаме дека ќе биде тој, вели Кутар.