Аврамовски: Брзо ќе се адаптирам во Вардар


Најновото засилување на Вардар, Даниел Аврамовски, очекува лесна адаптација во новата средина и брзо наметнување кај стручниот штаб.

– Очекувам брзо да се адаптирам затоа што со голем дел од играчите се знам. Сум играл со нив и по репрезентација и по клубовите, добро ме познаваат, добри ги познавам и јас нив. Во пролетниот дел пред се добра игра како екипа, и нормално добри резултати.  Знам дека од Вардар секогаш се бараат победи, резултати, знам како е да се носам со тој предизвик. Целта ни е секако титулата, а излезот во Европа не треба да биде доведен во прашање. Со нетрпение очекувам да се приклучам на подготовките на екипата, да се наметнам на стручниот штаб, и потоа низ пролетниот дел да бележиме добри резултати, изјави Аврамовски за клупскиот сајт на „црвено-црните“.

Дваесет и тригодишниот фудбалер од средниот ред денеска го стави потпис на договорот со Вардар со важност до крајот на тековната сезона.

Тој е поранешен младински репрезентативец. Играше и за Македонија Ѓорче Петров, Работнички, Црвена ѕвезда, Олимпија Љубљана и Војдовина.