Зошто толку малку Германци одат на одмор оваа година?


 

Анализа за состојбата на германскиот туристички пазар пред десет дена објави угледниот портал Der Spiegel.
Во анализата се наведува дека веќе оваа година четвртина од сите Германци немаат доволно пари за одмор. Ова го покажа репрезентативното истражување на Институтот за истражување на јавното мислење Civey за овој весник. Ова ги погодува не само класите со најниски примања, туку и солидната средна класа: околу една петтина од сите домаќинства со нето месечен приход меѓу 2.500 и 3.500 евра, а тоа се токму луѓето кои најмногу доаѓаат во Хрватска за летување, пишува Јутарњи лист.

Според истражувањата и анкетите на овој весник, буџетот за патувања на средната класа е претежно помеѓу 1.000 и 3.000 евра. Од друга страна, расте бројот на оние чиј буџет е над 7.000 евра.

Учеството на трошоците за годишен одмор во приходот на домаќинствата во 2022 година се зголеми за 0,6 процентни поени, а трошоците за ден на одмор вртоглаво се искачија на 103 евра во просек: 18 отсто повеќе отколку во 2019 година.

Дури и многу богати луѓе тешко се помируваат со фактот дека летот на Кондор до Малдиви чини 20.302 евра во бизнис класа. Други се уште не се решени каде да одат: речиси четвртина од Германците кои сакаат да одат на летен одмор не резервирале до средината на јуни, пишува Der Spiegel.

Тие наведуваат дека најбогатите десет отсто од Германците поседуваат речиси 60 отсто од вкупното богатство.

– Од финансиската криза и короната излегоа уште побогати. Од друга страна, средната класа се бори со реални загуби на платите три последователни години и со страв од социјален пад – пишуваат понатаму и посочуваат дека тоа може да доведе до социјални тензии. Но, она што сигурно ќе се случи е дека навиките за патување ќе се сменат бидејќи ерата на поевтини и масовни патувања е очигледно зад нас.

Der Spiegel наведува кои дестинации се најскапи оваа година, а тоа е Шпанија на Медитеранот. Хрватска е некаде во опсегот на Италија и Грција, а Турција е нешто поевтина. До 2012 година Германија беше водечка со САД по бројот на патувања на глобално ниво, но и тоа се промени. На сцена стапи Кина, но и Руси, Индијци…

Der Spiegel наведува дека туристичката индустрија е сè помалку зависна од Германците и дека тие или ќе треба да почнат да трошат повеќе или да бидат раселени од патници од други земји.

– Богатите Кинези, Индијци и Руси ја истиснуваат германската средна класа – заклучуваат тие во овој германски весник.