Зошто само во Скопје стареат дрвјата?


Масакрот на 13 дрвја на улицата „Орце Николов“ вчера ги вознемири граѓаните на Скопје. Објаснувањето беше дека биле стари и преставувале опасност и дека наесен на булеварот ќе бидат насадени нови квалитетни јавори. Како што со леснотија се менуваат имињата на улиците во градот, така со леснотија и се уништува зеленото наследство.

Ваквите образложенија веќе никој не ги „купува“ бидејќи, да е така, ќе треба да се исечат сите дрвја во градскиот парк. Многу граѓани ќе умрат и нема да дочекаат да ги видат новите дрвја на актуелните градоначалници, бидејќи ќе им требаат децении да израснат на истото ниво како исечените, а повеќето се сушат откако ќе се насадат. Во меѓувреме треба да дишеме чист воздух од грмушките што наголемо се садат таму каде што веќе нема што да се сече, за да се залажува јавноста дека Скопје е зелен град.

Не е за чудење што зелената агенда на ДУИ и на Владата сите ја примија со потсмевање, бидејќи ни во регионот, да не споменуваме Западна Европа, не се прави таков масакр на дрвјата како кај нас. Така, главниот „Булевар на националните маченици“ во Тирана е „Champs elysees” за нашите улици, а по фотографиите од архивите се гледа дека е ист како и пред осумдесет години, кога е направен.Зошто во Тирана не стареат дрвата и не се опасни по околината, а се опасни кај нас, нека објасни градоначалникот на Центар. 

Ви продолжение еве линк од наше истражување во 2019 година за екогеноцидот што му се случи на главниот град:https://nezavisen.mk/%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5-%D0%BC%D1%83-%D1%81%D0%B5-%D1%81%D0%BB%D1%83%D1%87%D0%B8-%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%B3%D0%B5%D0%BD%D0%BE%D1%86%D0%B8%D0%B4/