Зошто принцот Вилијам не сака четврто дете?


Во последните неколку месеци постојано се зборува за бременоста на Кејт Мидлтон со четврто дете, но сепак Кејт открива зошто Вилијам не сака четврто дете.
Сите се запознати со фактот дека војвотката Кејт Мидлтон ужива во својата хуманитарна работа, а оваа недела беше во посета на Северна Ирска во здружението St.Joseph’s SureStart Facility. Таму ги посети семејствата и децата кои се штитеници на здружението.
Како и сите други кои војвотката ги посети, така и штитениците на ова здружение беа одушевени од нејзината посета, а најмногу се израдува малото момче кое доби прегратка. Неговиот татко ја праша Кејт кога да очекуваат четврто кралско бебе, на што војвотката му одговори дека Вилијам би бил многу загрижен за неа, ако таа уште еднаш роди.